Нов Завет

2 Петар 2:14-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

14. имаат очи полни со прељубодејство и ненаситни се на грев, ги мамат не­ут­врдените души; имаат срце привикнато на лакомство: тие се чеда на проклетството!

15. Откако го оставија вистинскиот пат и се заблудија, тргнаа по стапките на Восоровиот син Валаам, кој засака пла­та за вршење неправда,

16. но беше изобличен за своето беззаконие: неразумното животно проговори со човечки глас и го запре безумството на пророкот.

17. Тие се безводни извори, облаци и магли од бура разнесувани; за нив е ре­зер­виран мракот на темнината засекогаш.

18. Зашто, говорејќи празни зборови, ги мамат на телесни похоти и не­чис­тотија оние кои тукушто се оттргнале од тие што живеат во заблуда.

19. Им ветуваат слобода кога тие са­ми­те се робови на развратот, зашто кога не­кој некого победува, тој и го поробува.

20. Зашто, ако ги избегнале световните скверности преку познанието на Господ и Спасителот наш Исус Христос, и пак се плеткаат во нив и бидуваат победени, тогаш за такви последното ќе им биде полошо од првото!

21. За нив би било подобро да не го беа познале патот на правдата отколку, откако го познаа, да отстапат од светата заповед која им е предадена.

22. Ним им се случува според вистинската поговорка: „Песот се враќа на својата блујавица“ и „Искапената свиња – во калта.“

Прочитајте целосна глава 2 Петар 2