Нов Завет

1 Тимотеј 3:3-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

3. не пијаница, ни насилник, ни алчен, туку кроток, мирољубив и не среброљу­бив;

4. својата куќа добро да ја управува и да ги држи чедата во послушност со сета сериозност.

5. Зашто, кој не умее да ја управува својата куќа, како тогаш ќе се грижи за Црквата Божја?

6. Да не е новопокрстен, за да не се возгордее и да падне под осуда, како ѓа­волот.

7. Тој треба уште да има и добар углед кај надворешните за да не биде укоруван и да не падне во стапицата на ѓа­во­лот.

8. Ѓаконите, исто така, треба да бидат чесни, не дволични, да не се страсни за вино, ниту алчни за гнасна печалба;

9. да ја пазат тајната на верата со чиста совест.

10. И тие треба најнапред да бидат ис­питани, та после, ако се непорочни, да станат служители.

11. Исто така и нивните жени треба да бидат чесни, да не се клеветнички, туку трезвени и верни во сѐ.

12. Ѓаконите треба да бидат мажи на една жена, добро да управуваат со децата свои и куќата своја.

13. Зашто оние што служат добро како ѓакони, се здобиваат со угледна по­лож­ба и голема смелост во верата што ја имаат во Исус Христос.

14. А ова ти го пишувам со надеж дека скоро ќе дојдам кај тебе.

15. А, ако случајно се позабавам, да знаеш како треба да се однесуваат во Божјиот дом, кој е Црква на живиот Бог, столб и потпора на вистината.

16. А, несомнено, голема е тајната на побожноста. Бог, Кој се јави во тело, беше оправдан во Духот, виден од ан­ге­лите, проповедан на народите, веруван во светот, вознесен во слава.

Прочитајте целосна глава 1 Тимотеј 3