Нов Завет

1 Тимотеј 3:1-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Верно е словото: тежнее ли некој кон епископство, тој сака добра работа.

2. Епископот треба да е непорочен, маж само на една жена, разбран, разумен, уреден, гостољубив, способен да поучува;

3. не пијаница, ни насилник, ни алчен, туку кроток, мирољубив и не среброљу­бив;

4. својата куќа добро да ја управува и да ги држи чедата во послушност со сета сериозност.

5. Зашто, кој не умее да ја управува својата куќа, како тогаш ќе се грижи за Црквата Божја?

6. Да не е новопокрстен, за да не се возгордее и да падне под осуда, како ѓа­волот.

7. Тој треба уште да има и добар углед кај надворешните за да не биде укоруван и да не падне во стапицата на ѓа­во­лот.

8. Ѓаконите, исто така, треба да бидат чесни, не дволични, да не се страсни за вино, ниту алчни за гнасна печалба;

9. да ја пазат тајната на верата со чиста совест.

10. И тие треба најнапред да бидат ис­питани, та после, ако се непорочни, да станат служители.

11. Исто така и нивните жени треба да бидат чесни, да не се клеветнички, туку трезвени и верни во сѐ.

12. Ѓаконите треба да бидат мажи на една жена, добро да управуваат со децата свои и куќата своја.

Прочитајте целосна глава 1 Тимотеј 3