1. Павле, апостол на Исус Христос, по повелба на Бога нашиот Спасител и Господ Исус Христос, нашата надеж,
2. до Тимотеј, вистинското чедо по вера. Благодат, милост и мир од Бог Отецот наш и Христос Исус нашиот Господ!
3. Како што на тргнување за Македонија те молев да останеш во Ефес да им заповедаш на некои да не проповедаат друго учење,
4. и да не се занимаваат со басни и бескрајни родословија, кои повеќе предизвикуваат расправии, отколку Божјо устројство во верата.
5. А целта на оваа заповед е: љубов од чисто срце, добра совест и нелицемерна вера.
6. Некои, откако не ги постигнаа тие работи, се оддадоа во празнословија,
7. и сакаат да бидат учители по Законот, но не разбираат ни што зборуваат, ниту што тврдат.
8. А ние знеме дека Законот е добар, ако некој законски го применува.
9. Знаејќи дека Законот не е установен за праведник, туку за беззаконици и непокорници, за нечестиви и за грешници, за неправедни и осквернители, за таткоубијци и мајкоубијци, за човекоубијци,
10. за блудници, за мажеложници, трговци со робје, клетвопрестапници, скотоложници, лажливци, и за сѐ друго, што е спротивно на здравата наука,