14. Браќа, ве молам, поучувајте ги неуредните, утешувајте ги малодушните, поткрепувајте ги слабите и бидете долготрпеливи кон сите.
15. Гледајте никој никому да не враќа зло за зло; туку секогаш барајте добро еден на друг, и на сите!
16. Радувајте се секогаш!
17. Молете се постојано!
18. Благодарете за сѐ, зашто таква е волјата Божја во Христос Исус спрема вас!
19. Не гаснете Го Духот!
20. Пророштвата не ги омаловажувајте!
21. Сѐ испитувајте, за доброто држете се!
22. Клонете се од секакво зло!
23. А Сам Бог на мирот да ве освети наполно во сѐ, и целиот ваш дух и душата и телото да се запазат без порок за доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос!