Нов Завет

1 Солуњаните 5:11-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

11. Поради тоа утешувајте се меѓу себе и надградувајте се еден со друг онака како што и правите!

12. И ве молам, браќа, да ги уважувате оние што се трудеа меѓу вас, и ве водат во Господ, и оние кои ве утешуваат.

13. И кон нив да имате преголема љу­бов заради нивното дело. Живејте во мир меѓу себе!

14. Браќа, ве молам, поучувајте ги не­уредните, утешувајте ги малодушните, поткрепувајте ги слабите и бидете долготрпеливи кон сите.

15. Гледајте никој никому да не враќа зло за зло; туку секогаш барајте добро еден на друг, и на сите!

16. Радувајте се секогаш!

17. Молете се постојано!

18. Благодарете за сѐ, зашто таква е волјата Божја во Христос Исус спрема вас!

19. Не гаснете Го Духот!

20. Пророштвата не ги омаловажувај­те!

21. Сѐ испитувајте, за доброто држете се!

22. Клонете се од секакво зло!

23. А Сам Бог на мирот да ве освети наполно во сѐ, и целиот ваш дух и ду­шата и телото да се запазат без порок за доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос!

Прочитајте целосна глава 1 Солуњаните 5