Нов Завет

1 Солуњаните 3:3-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

3. та никој да не се поколеба во тие маки; зашто сами знаете дека затоа сме определени.

4. Бидејќи ние, и кога бевме кај вас, ви претскажувавме дека ќе страдаме, како што и стана, и вие знаете.

5. Поради тоа и јас, не можејќи веќе да трпам, пратив да дознаам за верата ва­ша да не би ве искушал некако Иску­шу­вачот, та да отиде залудо нашиот труд.

6. Сега, откако се врати Тимотеј кај нас од кај вас и ни донесе добра вест за вашата вера и љубов, и дека секогаш имате добар спомен за нас и копнеете да нѐ видите, како и ние вас,

7. ние, и покрај сета мака и неволја, се утешивме за вас, браќа, со вашата вера;

8. зашто ние сега живееме, кога вие стоите во Господ.

9. Каква благодарност, навистина, мо­жеме да Му воздадеме на Бога за вас за сета радост со која се радуваме поради вас пред нашиот Бог,

10. кога дење и ноќе многу усрдно се молиме, за да го видиме вашето лице и да го дополниме она што ѝ недостига на вашата вера?

11. А сам Бог и Отецот наш и Исус Христос, нашиот Господ, нека го насочи патот наш право кон вас!

12. Вам, пак, Господ да ви даде да рас­тете и да изобилувате во љубов еден кон друг и кон сите, каква што и ние имаме кон вас,

Прочитајте целосна глава 1 Солуњаните 3