Нов Завет

1 Јован 5:8-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

8. И Тројца се, Кои сведочат на земјата: духот, водата и крвта; и тие три се во едно.

9. Ако го примаме човечкото све­дош­тво, Божјото сведоштво е поголемо, би­дејќи тоа е сведоштво Божјо, со кое Бог посведочи за Својот Син.

10. Кој верува во Синот Божји, тој го има тоа сведоштво во себе; кој не Му верува на Бог, Го прави лажливец, заш­то не поверувал во сведоштвото Негово со кое посведочил Бог за Својот Син.

11. А сведоштвото е тоа дека Бог ни да­рувал живот вечен; и тој живот е во Не­говиот Син.

12. Кој Го има Синот Божји, тој го има и тој живот; кој го нема Синот Божји, го нема тој живот.

13. Ова ви го напишав вам, кои верува­те во името на Синот Божји, за да зна­ете дека имате живот вечен и да верува­те во името на Синот Божји.

14. И тоа е увереноста, која ја имаме пред Него, дека ако побараме нешто по Неговата волја, Тој нѐ услишува.

15. А кога знаеме дека ни услишува што и да побараме, знаеме дека ќе до­биеме, што и да сме побарале од Него.

16. Ако некој го види брата си да греши со грев што не е за смрт, нека се моли, и Бог ќе му даде живот, – односно на оној што не греши за смрт. А има и грев за смрт: за тој грев не велам да се моли.

17. Секоја неправда е грев, но има грев што не е за смрт.

18. Знаеме дека секој роден од Бога не греши: но родениот од Бога се пази, и лукавиот не се допира до него.

19. Знаеме дека ние сме од Бога, и дека целиот свет лежи во зло.

20. Знаеме исто така дека Синот Божји дојде и ни даде светлина и разум, за да Го познаеме вистинскиот Бог; и ние пребиваме во вистинскиот Бог – Не­го­виот Син Исус Христос. Тој е вистински Бог и живот вечен.

21. Чеда, пазете се од идолите. Амин!

Прочитајте целосна глава 1 Јован 5