Нов Завет

Тит 2:3-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

3. Постарите жени исто така треба да се однесуваат онака како што им прилега на луѓе што веруваат во Господ. Да не озборуваат, ниту да му робуваат на виното. Тие треба да поучуваат на добро поведение,

4. да ги поттикнуваат помладите жени да си ги сакаат мажите и децата,

5. да бидат разумни, чисти, вредни домаќинки, да бидат добри, да им се покоруваат на своите мажи. Во спротивно, ќе станат повод да се зборува лошо за христијанството.

6. Советувај ги и младите мажи да бидат разумни.

7. Биди им пример со своето добро поведение. Кога поучуваш, биди сериозен и искрен.

8. Зборувај умесно и разбирливо, за да не може никој да те прекорува, а секој противник да се засрами, немајќи ништо лошо да каже за тебе.

9. Робовите во се нека им се покоруваат на своите господари, без да се муртат и да противречат.

10. Не смеат да поткраднуваат. Треба да покажат верност и добрина, зашто така ќе придонесат луѓето многу повеќе да го почитуваат учењето на нашиот Спасител и Бог.

11. Бог ни покажа колку ни е благонаклонет со тоа што дојде да ги спаси сите луѓе.

Прочитајте целосна глава Тит 2