Нов Завет

Тит 2:1-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Ти поучувај го она што е во согласност со здравото учење.

2. Постарите луѓе советувај ги да бидат трезвени, сериозни и разумни. Тие треба да имаат непоколеблива вера, љубов и трпение.

3. Постарите жени исто така треба да се однесуваат онака како што им прилега на луѓе што веруваат во Господ. Да не озборуваат, ниту да му робуваат на виното. Тие треба да поучуваат на добро поведение,

4. да ги поттикнуваат помладите жени да си ги сакаат мажите и децата,

5. да бидат разумни, чисти, вредни домаќинки, да бидат добри, да им се покоруваат на своите мажи. Во спротивно, ќе станат повод да се зборува лошо за христијанството.

6. Советувај ги и младите мажи да бидат разумни.

7. Биди им пример со своето добро поведение. Кога поучуваш, биди сериозен и искрен.

Прочитајте целосна глава Тит 2