Нов Завет

Римјаните 9:6-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

6. Не се работи за тоа дека Бог не си го одржал зборот спрема Евреите. Но не е вистински Евреин секој што по потекло е Евреин.

7. Не се сите потомци на Авраам негови вистински наследници, туку Светото Писмо вели: „Оние што се потомци на Исак ќе се сметаат за твои наследници.“

8. Тоа значи дека не се Божји деца сите што се биолошки потомци на Авраам. Вистинските потомци на Авраам се децата што беа родени според ветувањето што го беше дал Бог.

9. А тоа ветување гласеше: „Следната година, во ова време јас ќе се вратам и Сара ќе има син.“

10. Тој син беше Исак, кој подоцна се ожени со Ревека. И кај нивните деца се покажа Божјиот избор. Ревека зачна близнаци од нашиот предок Исак.

Прочитајте целосна глава Римјаните 9