Нов Завет

Римјаните 9:4-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

4. Израелците се Божји одбран народ. Бог ним им ја откри Својата слава и со нив склучуваше завети. Ним им беше даден Божјиот Закон, ним им беше доверено да служат во храмот, ним им беа дадени ветувањата.

5. Од нив потекнуваат патријарсите, од нив потекнува и Христос, по тело, а Тој е Бог, Кој владее над се - благословен нека биде за вечни векови! Амин.

6. Не се работи за тоа дека Бог не си го одржал зборот спрема Евреите. Но не е вистински Евреин секој што по потекло е Евреин.

7. Не се сите потомци на Авраам негови вистински наследници, туку Светото Писмо вели: „Оние што се потомци на Исак ќе се сметаат за твои наследници.“

8. Тоа значи дека не се Божји деца сите што се биолошки потомци на Авраам. Вистинските потомци на Авраам се децата што беа родени според ветувањето што го беше дал Бог.

9. А тоа ветување гласеше: „Следната година, во ова време јас ќе се вратам и Сара ќе има син.“

Прочитајте целосна глава Римјаните 9