Нов Завет

Римјаните 10:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Драги пријатели христијани, мојата најголема желба и молитва кон Бог е Израелците да се спасат.

2. Знам дека тие се многу ревносни за Бог, но таа нивна ревност не произлегува од правилно разбирање.

3. Тие не го знаат начинот на кој Бог им подарува праведност на луѓето. Сакаат да се здобијат со сопствена праведност, преку придржување кон Мојсеевиот Закон, наместо да ја прифатат Божјата праведност.

4. Христос ја исполни целта на Законот. Сега сите што веруваат во Христос се здобиваат со праведност пред Бог.

Прочитајте целосна глава Римјаните 10