Нов Завет

Откровение 10:1-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Потоа забележав еден друг силен ангел како слегува од небото. Беше обвиткан со облак, а над главата имаше божилак. Лицето му светеше како сонце, а нозете - како огнени столбови.

2. Во рацете држеше отворена книшка. Десната нога му беше врз морето, а левата врз копното.

3. Тој проговори со глас како лавовски рев. Во одговор се огласија седум грмотевици.

4. Кога се огласија седумте грмотевици сакав да го запишам тоа што го рекоа тие, но еден глас од небото ми рече: „Не запишувај го тоа што го рекоа седумте грмотевици; тоа нека остане тајна!“

5. Тогаш, ангелот што го видов порано со едната нога врз морето а со другата врз копното ја крена својата десна рака кон небото

Прочитајте целосна глава Откровение 10