Нов Завет

Maтеј 8:29-34 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

29. Одеднаш, тие започнаа да викаат по Исус: „Што бараш кај нас, Сине Божји? Зар Си дошол предвреме да ни казниш?“

30. Во близина пасеше едно големо крдо свињи,

31. и демоните почнаа да Го молат Исуса: „Ако ни бркаш, дозволи ни да влеземе во свињите.“

32. И Тој им дозволи, а тие, излегувајќи од обземените луѓе, влегоа во свињите. Наеднаш, целото крдо свињи јурна низ стрмнината право во езерото и се удави во водата.

33. А свињарите, бегајќи, отидоа во градот и им раскажаа на тамошните жители за си што се случи со обземените.

34. Тогаш целиот град се упати кон Исус, и штом Го видоа, Го молеа да си оди од нивниот крај.

Прочитајте целосна глава Maтеј 8