Нов Завет

Марко 4:24-29 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

24. Слушајте внимателно: со каква мера мерите, со таква ќе ви се мери и ќе ви се додаде!

25. На тој што има нешто, ќе му се додаде уште; на тој што нема, ќе му се одземе и она малку што го има!“

26. Во продолжение, Исус рече: „Божјото царство може да се спореди со семе што човек го посева на својата нива.

27. Потоа, тој ноќе спие, а дење излегува. За тоа време семето никнува и расте, иако тој не го разбира тоа.

28. Самата земја го произведува плодот: најпрво стебло, потоа клас и на крајот зрна.

29. Штом плодот ќе созрее, доаѓа жетвата и сејачот го жнее.“

Прочитајте целосна глава Марко 4