Нов Завет

Марко 4:16-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

16. Каменестата почва ги претставува оние што ја слушаат Божјата порака и веднаш со задоволство ја прифаќаат.

17. Но таа во нив не се закоренува и тие остануваат верници само кратко време: штом ќе надојдат неволи или прогонства поради верата во Божјата порака, тие веднаш потклекнуваат.

18. Трнливата почва ги претставува оние што ја слушаат Божјата порака,

19. но прекумерните грижи за работи од овој земен живот и желбата да се збогатат и да имаат сe и сешто ги заведуваат и ја задушуваат пораката во нив; така таа останува без плод.

Прочитајте целосна глава Марко 4