Нов Завет

Марко 3:30-34 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

30. Исус го рече ова, зашто за Него говореа дека е обземен со демонски дух.

31. Тогаш пристигнаа мајка Му и браќата на Исус. Стоејќи надвор, тие испратија некого да Го повика.

32. Токму тогаш околу Него се беше насобрал многу народ и некои меѓу нив Му рекоа: „Ене ги надвор мајка ти, браќата и сестрите Твои и Те викаат!“

33. А Тој им одговори: „Која ми е мајка и кои ми се браќа и сестри?“

34. Покажувајќи на седнатите околу Него, додаде: „Еве ги мајка Ми и браќата Мои!

Прочитајте целосна глава Марко 3