Нов Завет

Лука 9:50-54 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

50. Но Исус му одговори: „Немојте да му забранувате! Кој не е против вас, тој е со вас!“

51. Кога наближи времето да биде вознесен на небото, Исус решително тргна кон Ерусалим.

52. Испрати гласници пред Себе, кои отидоа во едно самариско село, за да Му приготват преноќевалиште,

53. но тие не сакаа да Го примат, зашто Тој одеше за Ерусалим.

54. Кога го слушнаа тоа учениците Јаков и Јован, рекоа: „Господе, сакаш ли да заповедаме да слезе оган од небото, па да ги уништи, како што направи Илија?“

Прочитајте целосна глава Лука 9