Нов Завет

Лука 9:36-39 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

36. Кога се чу гласот, Исус веќе беше останал Сам. Учениците молчеа за ова и во тоа време никому не му кажуваа за тоа што го беа виделе.

37. Утредента додека Исус и тројцата Негови ученици слегуваа од планината ги пресретна многуброен народ.

38. Еден човек извика од толпата: „Учителе! Те молам, погледни го мојот син, тој ми е единец!

39. Го напаѓа зол дух, го тера да вреска, го фрла наваму-натаму и пена му избива на устата. Многу го измачува и долго не го пушта.

Прочитајте целосна глава Лука 9