Нов Завет

Лука 7:31-34 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

31. Исус продолжи: „Со што да ја споредам оваа генерација?

32. Тие се како деца кои седат по плоштадите и им се жалат на минувачите: ,Прво ви свиревме весело на флејта, но вие не заигравте. Потоа ви запеавме таговни песни, но вие не заплакавте!‘

33. Прво, значи, дојде Јован Крстител, кој постеше и не пиеше вино, а тие велеа: ,Демони има во него!‘

34. Потоа дојдов Јас, Синот Човечки, кој нормално јадам и пијам, а тие велат: ,Овој човек е ненаситник и пијаница, другар на собирачи на данок и на грешници!‘

Прочитајте целосна глава Лука 7