Нов Завет

Лука 14:29-33 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

29. Во спротивно, може да започне со темелите и да заклучи дека не може да продолжи, па сите што ќе видат ќе му се подбиваат, велејќи:

30. ,Овој човек почнал да ѕида нешто што не може да го доврши!‘

31. Кога некој цар се готви за војна против друг цар, не седнува ли најпрво да се преиспита, дали со своите десет илјади војници ќе може да му се противстави на оној што го напаѓа со дваесет илјади војници?

32. Ако заклучи дека не може, тој ќе испрати гласници уште додека другиот цар е далеку, и ќе моли за примирје.

33. Значи, никој не може да стане Мој ученик додека не Ме стави Мене пред сe друго што има.“

Прочитајте целосна глава Лука 14