Нов Завет

Лука 14:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Една сабота, Исус дојде на ручек во куќата на еден фарисеј, член на Големото собрание. Сите присутни Го држеа Исуса на око.

2. Тогаш на Исус Му пристапи еден човек со отоци на рацете и нозете,

3. а Исус им се обрати на учителите на верскиот Закон и на фарисеите, па ги праша: „Дали е во согласност со Законот да се врши исцелување и во сабота, или не?“

4. Тие молчеа. Тогаш Исус го допре болниот и го исцели, испраќајќи го здрав.

Прочитајте целосна глава Лука 14