Нов Завет

Лука 11:10-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

10. На секој што моли - ќе му се даде, секој што бара - ќе најде, на секој што тропа - ќе му биде отворено.

11. Дали некој од вас, татковци, би му дал камен на синот, ако тој ве моли за леб!? Дали би му дале змија, ако тој ве моли за риба!?

12. Дали би му дале скорпија, ако тој ви побара јајце!?

Прочитајте целосна глава Лука 11