Нов Завет

Лука 1:20-31 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

20. Но ти не им поверува на моите зборови, кои сепак ќе се исполнат кога за тоа ќе дојде време; затоа сега ти ќе онемиш и не ќе можеш да зборуваш сe до оној ден кога ќе се исполни ова што ти го кажав!“

21. Во меѓувреме, народот чекаше Захарија да излезе и се чудеше зошто толку долго се задржа во храмот.

22. Кога излезе, не можеше да зборува, но според неговите движења заклучија дека имал некое видение во храмот. Тој им објаснуваше со знаци, без да проговори ниту еден збор.

23. Кога му истече времето за служење во храмот, Захарија се врати дома.

24. По извесно време неговата жена Елисавета забремени, но бременоста ја прикриваше цели пет месеци и велеше:

25. „Најпосле ја добив Господовата благонаклоност, кога реши да се смилува и да го симне срамот од мене!“

26. По шест месеци, Бог го испрати ангелот Гаврил во галилејскиот град Назарет,

27. кај една девица по име Марија која му беше свршеница на Јосиф, потомок на царот Давид.

28. Доаѓајќи кај неа, ангелот и рече: „Радувај се, зашто си преблагословена и Господ е со тебе!“

29. Марија се исплаши кога ги чу овие зборови и почна да размислува за значењето на необичниот поздрав.

30. Ангелот и рече: „Не плаши се, Марија, Бог ти е благонаклонет!

31. Ти ќе забремениш, ќе родиш Син и ќе Му дадеш име Исус.

Прочитајте целосна глава Лука 1