Нов Завет

Колосјаните 4:1-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Господари, постапувајте чесно и правично со своите робови. Не заборавајте дека и над вас има Господар на небото!

2. Посветете се на молитва, будно и со благодарност.

3. Молете се и за нас, Бог да ни отвори патишта, па Неговата порака да се шири и да се објаснува тајната за Христос. Токму заради тоа сега јас сум в затвор.

4. Молете се пораката да ја објаснувам разбирливо, онака како што треба.

5. Однесувајте се мудро спрема оние што не се христијани и користете ја секоја можност.

6. Зборувајте љубезно, умесно и концизно; давајте му умешен одговор на секој што ќе ви постави прашање.

7. Мојот драг пријател Тихик, кој верно работи со нас и Му служи на Господ, ќе ви раскаже се што ве интересира за мене.

8. Го праќам токму заради тоа, да ви каже како сме и да ве охрабри.

9. Со него ќе дојде и вашиот земјак Онисим, кој е наш верен и многу мил брат по вера. Тие ќе ви раскажат за се што се случува овде.

Прочитајте целосна глава Колосјаните 4