Нов Завет

Колосјаните 4:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Господари, постапувајте чесно и правично со своите робови. Не заборавајте дека и над вас има Господар на небото!

2. Посветете се на молитва, будно и со благодарност.

3. Молете се и за нас, Бог да ни отвори патишта, па Неговата порака да се шири и да се објаснува тајната за Христос. Токму заради тоа сега јас сум в затвор.

Прочитајте целосна глава Колосјаните 4