Нов Завет

Колосјаните 3:17-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

17. Се што ќе кажете или ќе направите, правете го како претставници на Господ Исус, оддавајќи Му преку Него благодарност на Бог Таткото.

18. Жени, покорувајте им се на вашите сопрузи, како што им прилега на Господови следбенички.

19. Мажи, сакајте си ги вашите сопруги. Не однесувајте се грубо спрема нив.

20. Деца, бидете им во се послушни на вашите родители. Тоа Му причинува задоволство на Господ.

21. Татковци, немојте да постапувате сурово спрема своите деца, за да не им ја уништите волјата.

22. Робови, бидете им послушни на вашите земни господари во се, дури и тогаш кога не ве гледаат. Правете го тоа од се срце, не за да им угодите на луѓето, туку од страхопочит спрема Господ.

23. Се што правите, правете го со сета душа, како да го правите за Господ, а не за луѓето.

24. Имајте на ум дека Му служите на Господ Христос и дека Тој ќе ве награди.

25. А кој постапува лошо, ќе си ги поднесува последиците, бидејќи кај Господ нема пристрасност.

Прочитајте целосна глава Колосјаните 3