Нов Завет

Колосјаните 2:18-22 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

18. Не дозволувајте да ве тераат да се самопонижувате и да обожавате ангели, дури и ако тврдат дека за тоа добиле виденија. Тие луѓе се прават многу понизни, но нивните грешни умови се полни со суета и горделивост.

19. Тие веќе не се поврзани со Христос, Кој е глава на телото. Тој му дава сила на телото, и преку неговите жили и лигаменти го држи цврсто обединето. Тоа духовно тело може да расте само ако се храни од Бог.

20. Вие умревте со Христос и ослободени сте од начинот на кој живеат световните луѓе. Зошто тогаш дозволувате да ви наметнуваат вакви догми:

21. „Тоа не смее да се фаќа!“, „Тоа не смее да се јаде!“, или „Тоа не смее ни да се допре!“?

22. Тоа се само уредби и учења наметнати од луѓе, а се однесуваат на распадливи нешта, на работи што ги употребуваме.

Прочитајте целосна глава Колосјаните 2