Нов Завет

Јуда 1:17-24 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

17. Но вие, драги пријатели, помнете го сето она на што ве поучуваа апостолите на нашиот Господ Исус Христос.

18. Тие ви кажаа дека во последните времиња ќе има луѓе што ќе се подбиваат, ќе се раководат само од сопствените страсти и ќе прават безбожни нешта.

19. Тоа се луѓе што создаваат поделби меѓу вас. Живеат онака како што им наложуваат инстинктите, зашто во нив го нема Божјиот Дух.

20. Но вие, драги пријатели, продолжете да ги градите вашите животи врз темелите на нашата света вера. Молете се, водени од Светиот Дух.

21. Во очекување на вечниот живот што милостиво ќе ви го подари нашиот Господ Исус Христос, останете под закрилата на Божјата љубов.

22. Бидете милостиви спрема оние со непостојана вера.

23. Спасувајте луѓе, истргнувајќи ги од огнот. Спрема сите грешници покажете милост, внимавајќи и самите да не се заразите од нивните гревови.

24. А сега, на Оној што е способен да ве зачува од паѓање и Кој со голема радост ќе ве доведе во Неговата беспрекорна слава,

Прочитајте целосна глава Јуда 1