Нов Завет

Јуда 1:1-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Од Јуда, слуга на Исус Христос и брат на Јаков, до повиканите, оние што Бог Таткото ги сака и Исус Христос ги чува.

2. Бог нека ви даде во изобилие милост, мир и љубов.

3. Драги пријатели, многу сакав да ви пишувам за нашето заедничко спасение што го имаме, но сметам дека е неопходно да ви напишам и да ве охрабрам да ја браните верата што еднаш засекогаш Бог им ја предаде на Своите верни следбеници.

4. Се вовлекоа меѓу вас безбожни луѓе, што ја извртуваат пораката за благонаклоноста на нашиот Бог, за да си го оправдаат сопствениот разврат. Тие не Го признаваат нашиот единствен Владетел и Господ Исус Христос. За нив во Светото Писмо уште одамна е запишано дека ќе бидат осудени.

5. Сакам да ве потсетам на тоа што вие веќе го знаете. Иако Господ го избави својот народ од Египет, сепак потоа ги уништи сите што немаа доверба во Бог.

Прочитајте целосна глава Јуда 1