Нов Завет

Јован 8:26-40 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

26. Имам многу работи за вас да зборувам и за многу нешта да ве судам, но нема да го сторам тоа. Оној што Ме испрати е вистинит и Јас го зборувам само она што сум го чул од Него.“

27. Тие не сфатија дека им зборува за небесниот Татко.

28. Исус продолжи: „Кога ќе Го подигнете Синот Човечки, тогаш ќе дознаете дека Јас Сум Тој што Сум и дека Сам од Себе ништо не правам, туку ги зборувам овие работи онака како што Ме упати Таткото.

29. Тој што Ме испрати е со Мене. Тој не Ме остава Сам, затоа што Јас секогаш постапувам онака како што Тој сака да постапувам.“

30. Додека го зборуваше ова, многумина поверуваа во Него.

31. Тогаш Исус им се обрати на Евреите кои поверуваа во Него: „Вие ќе бидете Мои вистински ученици, ако се придржувате до Моето учење.

32. Тогаш ќе ја запознаете вистината, и вистината ќе ве ослободи.“

33. Тие Му одговорија: „Ние сме потомци на Авраам и никогаш никому не сме му робувале; што сакаш да кажеш кога велиш дека ќе бидеме слободни!?“

34. Исус им одговори: „Ве уверувам дека секој што греши му робува на гревот.

35. А робот не останува трајно во семејството. Синот е трајно член на семејството.

36. Ако Синот ве ослободи, ќе бидете навистина слободни!

37. Знам дека сте потомци на Авраам, но сакате да Ме убиете, затоа што не сакате да го прифатите Моето учење.

38. Јас го кажувам она што сум го видел кај Таткото. Вие постапувате онака како што ве научил вашиот татко!“

39. „Нашиот татко е Авраам!“ - Му одговорија тие. Исус им рече: „Да бевте Авраамови деца, ќе постапувавте онака како што постапуваше Авраам.

40. Но вие сега сакате да Ме убиете, Мене, Човекот што ви ја зборува вистината што ја чул од Бога. Авраам не правеше така!

Прочитајте целосна глава Јован 8