Нов Завет

Јован 2:23-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

23. Додека Исус беше во Ерусалим, за време на празникот Пасха, многумина поверуваа дека Тој е Месијата, гледајќи ги чудата што ги правеше.

24. Самиот Исус, пак, не им се доверуваше, затоа што Тој ги познаваше сите.

25. Немаше потреба некој да му кажува за луѓето, зашто Тој знаеше што се крие во нивните срца.

Прочитајте целосна глава Јован 2