Нов Завет

Јован 12:38-46 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

38. за да се исполни пророштвото изречено од пророкот Исаија: „Господе, кој и поверува на нашата порака? На кого да му се објави спасоносната сила Господова?“

39. Тие не можеа да поверуваат, зашто Исаија го рекол и следното:

40. „Бог им ги ослепе очите и им го закорави умот на овие луѓе, за да не гледаат со очите, и да не разберат со умот, та да се обратат и Јас да ги излекувам.“

41. Исаија го кажа ова затоа што ја виде Христовата слава и зборуваше за Него.

42. Па, иако многумина од старешините поверуваа во Исус, сепак, поради фарисеите криеја, за да не бидат исклучени од синагогата.

43. Тие повеќе сакаа да добијат пофалба од луѓето, отколку од Бог.

44. Тогаш Исус гласно извика: „Секој што верува во Мене, истовремено верува и во Оној што Ме испрати!

45. Секој што Ме гледа Мене, Го гледа Оној што Ме испрати.

46. Јас дојдов за да бидам светлина на овој свет. Кој верува во Мене, нема да живее во мрак.

Прочитајте целосна глава Јован 12