Нов Завет

Јаков 5:7-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

7. Имајте трпение, драги пријатели, додека чекате да се врати Господ. Погледнете како земјоделецот трпеливо чека скапоцениот плод на земјата да узрее за жетва, како трпеливо го чека пролетниот и есенскиот дожд.

8. Бидете и вие трпеливи како него и охрабрете ги вашите срца: Господ брзо ќе дојде!

9. Немојте да негодувате еден против друг, во спротивно Бог ќе ви суди! Еве Го Судијата, веќе стои пред врата!

10. Драги мои, следете го примерот на пророците што зборуваа во името на Господ. Тие имаа трпение, дури и кога мораа да страдаат.

Прочитајте целосна глава Јаков 5