Нов Завет

Јаков 4:4-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

4. Тоа е прељубодејство спрема Бог! Зар не знаете дека пријателството со овој свет значи непријателство со Бог!? Секој што ќе одбере да му биде пријател на овој свет, Му станува непријател на Бог.

5. Зарем мислите дека Писмото попусто кажува дека духот што Бог го поставил да живее во нас до ревност копнее за нашата верност спрема Него?

6. Всушност, Бог е многу поблагонаклонет спрема нас, како што и кажува Светото Писмо: “Бог им се противставува на гордите, но спрема скромните е благонаклонет.“

7. Затоа, дозволете Бог да ве води. Противставете му се на Ѓаволот, па тој ќе побегне од вас!

8. Приближете се кон Бог и Тој ќе се приближи кон вас! Грешните луѓе нека си ги измијат рацете, лицемерните нека си ги пречистат срцата.

9. Нека жалат, нека тагуваат и нека плачат. Наместо да се смеат, нека тагуваат, наместо да се радуваат, нека жалат.

Прочитајте целосна глава Јаков 4