Нов Завет

Јаков 1:1-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Од Јаков, служител на Бог и на нашиот Господ Исус Христос. Поздрав до дванаесетте племиња, распрснати низ целиот свет.

2. Радувајте се, христијани, кога минувате низ разни искушенија,

3. зашто знаете дека колку повеќе вашата вера се проверува, толку поистрајни станувате.

4. Морате да научите се да издржите, за да станете зрели, целосни и ништо да не ви недостасува.

5. Ако на некој од вас му недостасува мудрост, нека бара од Бог и Тој ќе му даде. Бог е дарежлив спрема сите и не се лути кога бараме нешто од Него.

Прочитајте целосна глава Јаков 1