Нов Завет

Јаков 1:1-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Од Јаков, служител на Бог и на нашиот Господ Исус Христос. Поздрав до дванаесетте племиња, распрснати низ целиот свет.

2. Радувајте се, христијани, кога минувате низ разни искушенија,

3. зашто знаете дека колку повеќе вашата вера се проверува, толку поистрајни станувате.

4. Морате да научите се да издржите, за да станете зрели, целосни и ништо да не ви недостасува.

5. Ако на некој од вас му недостасува мудрост, нека бара од Бог и Тој ќе му даде. Бог е дарежлив спрема сите и не се лути кога бараме нешто од Него.

6. Но, кога барате, треба да барате со вера, без да се сомневате. Оној што се сомнева е како морски бран што ветрот го носи и го разбива.

7. Таквиот човек нека не очекува дека ќе добие нешто од Господ,

8. бидејќи е нерешителен и непостојан во се.

9. Христијаните што се сиромашни треба да се гордеат со својот возвишен позив,

10. а богатите - со понизност. Богатите ќе прецветаат како дивите цветови.

11. Ќе огрее жешкото сонце, ќе ја исуши тревата, па дивите цветови ќе се исушат и сета нивна убавина ќе исчезне. Така е и со богатите. Ќе овенат презафатени со она што го работат.

12. Благословен е оној човек, што и покрај искушенијата низ кои минува, останува верен. Откако ќе го помине испитот, Бог ќе го награди со вечен живот, како што им вети на сите што Го сакаат.

Прочитајте целосна глава Јаков 1