Нов Завет

Галатјаните 6:5-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

5. Зашто секој од нас е одговорен за сопственото поведение.

6. Оние што присуствуваат на поуки од Светото Писмо, нека ги делат сите свои добра со учителот што ги поучува.

7. Не залажувајте се: никој не може да го измами Господ! Секој човек ќе си го жнее тоа што си го сее!

8. Тој што живее само за сопственото тело, ќе ожнее смрт, а кој живее за Духот, од Него ќе добие вечен живот.

9. Да бидеме неуморни во правење добро, зашто ако истраеме, ќе дојде време кога ќе го ожнееме посеаното.

Прочитајте целосна глава Галатјаните 6