Нов Завет

Галатјаните 6:5-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

5. Зашто секој од нас е одговорен за сопственото поведение.

6. Оние што присуствуваат на поуки од Светото Писмо, нека ги делат сите свои добра со учителот што ги поучува.

7. Не залажувајте се: никој не може да го измами Господ! Секој човек ќе си го жнее тоа што си го сее!

8. Тој што живее само за сопственото тело, ќе ожнее смрт, а кој живее за Духот, од Него ќе добие вечен живот.

9. Да бидеме неуморни во правење добро, зашто ако истраеме, ќе дојде време кога ќе го ожнееме посеаното.

10. Затоа, секогаш кога ќе ни се укаже можност, треба да им правиме добро на сите луѓе, а особено на оние што се наше семејство по вера, на христијаните.

11. Гледате со колкави големи букви ви пишувам кога пишувам со сопствена рака!

12. Оние што се обидуваат да ве натераат да се обрежете го прават тоа само за да не бидат прогонувани поради проповедање дека спасението доаѓа само преку вера во Христовата жртва на крстот.

13. Зашто ни самите тие, иако се обрежани, не се придржуваат кон целиот Закон. Тие сакаат да ве натераат да се обрежете, само за да се фалат дека ве придобиле.

14. Што се однесува до мене, да не даде Господ да се фалам со нешто друго, освен со придобивките од крстот на нашиот Господ Исус Христос. Поради тој крст, умре во мене интересот за овој свет, а умре и интересот на овој свет за мене.

Прочитајте целосна глава Галатјаните 6