Нов Завет

Галатјаните 6:1-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Драги пријатели христијани, ако некој од вас заглиби во некаков грев, вие што сте подуховни треба да му помогнете да се извлече, но внимателно, чувајќи се и вие да не бидете завлечени.

2. Помагајте си еден со друг кога имате проблеми. На тој начин ќе го извршувате Христовиот закон.

3. Ако некој мисли дека е премногу важен за да им помага на другите, самиот се залажува. Со тоа само покажува дека е никој и ништо.

4. Секој треба да си ги проценува сопствените постигања, без да се споредува со други луѓе. Ако некоја работа е добро извршена, тоа треба да биде за лично задоволство, а не за да се фали пред другите.

5. Зашто секој од нас е одговорен за сопственото поведение.

6. Оние што присуствуваат на поуки од Светото Писмо, нека ги делат сите свои добра со учителот што ги поучува.

7. Не залажувајте се: никој не може да го измами Господ! Секој човек ќе си го жнее тоа што си го сее!

8. Тој што живее само за сопственото тело, ќе ожнее смрт, а кој живее за Духот, од Него ќе добие вечен живот.

9. Да бидеме неуморни во правење добро, зашто ако истраеме, ќе дојде време кога ќе го ожнееме посеаното.

10. Затоа, секогаш кога ќе ни се укаже можност, треба да им правиме добро на сите луѓе, а особено на оние што се наше семејство по вера, на христијаните.

Прочитајте целосна глава Галатјаните 6