Нов Завет

Галатјаните 4:6-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

6. За да ви докаже дека и вие, неевреите, станавте Негови деца, Бог Го испрати во нашите срца Духот на Својот Син. Духот ви дава слобода да Му се обраќате на Бог со: „Аба“, односно со „Татко“.

7. Така, сега не сте веќе робови, туку Божји деца, а штом сте Божји деца, вие ќе наследите се што е Божјо.

8. Порано, не познавајќи Го Бог, вие им робувавте на „богови“ кои по својата природа не се богови.

Прочитајте целосна глава Галатјаните 4