Нов Завет

Галатјаните 4:5-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

5. Бог го испрати Христос за да не ослободи од Законот и, преку посвојување, да не направи Божји деца.

6. За да ви докаже дека и вие, неевреите, станавте Негови деца, Бог Го испрати во нашите срца Духот на Својот Син. Духот ви дава слобода да Му се обраќате на Бог со: „Аба“, односно со „Татко“.

7. Така, сега не сте веќе робови, туку Божји деца, а штом сте Божји деца, вие ќе наследите се што е Божјо.

8. Порано, не познавајќи Го Бог, вие им робувавте на „богови“ кои по својата природа не се богови.

9. Сега Го познавате Бог, или поточно, Бог, познавајќи ве вас, ве одбра да Го запознаете. Како тогаш можете пак да им се враќате на тие слаби и бедни световни сили!? Зошто сакате повторно да станете нивни робови?

10. Почнавте да славите одредени денови, месеци, годишни времиња и години.

11. Страхувам за вас! Се плашам дека попусто се трудев околу вас.

12. Драги пријатели христијани, ве молам, бидете како мене - ослободени од тие работи, како што и јас станав како вас, неевреите - ослободен од Мојсеевиот Закон. Кога бев кај вас вие со ништо не ме повредивте.

13. Се сеќавате дека бев болен кога првпат ви ја проповедав Радосната вест.

14. Иако мојата телесна слабост можеше да биде големо соблазнување за вас, вие не ме презревте, ниту пак одбивте да ме слушате, туку ме примивте како да сум Божји ангел, како да сум Самиот Исус Христос.

15. Каде е сега вашето воодушевување? Тогаш да можевте и сопствените очи ќе си ги ископавте и ќе ми ги дадевте!

Прочитајте целосна глава Галатјаните 4