Нов Завет

Галатјаните 1:1-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Од Павле, повикан да биде апостол не од луѓе, ниту со помош на луѓе, туку од Исус Христос и од Бог Таткото, Кој Го воскресна Исуса од мртвите.

2. Сите христијани што се со мене, се придружуваат кон ова писмо што го упатуваме до црквите во Галатија.

3. Бог, Кој е наш Татко и Господ Исус Христос нека ви бидат благонаклонети и нека ви дадат мир.

4. Христос ја исполни волјата на Бог, нашиот Татко и доброволно се предаде како жртва за нашите гревови, за да не спаси од овој зол свет во кој живееме.

5. Затоа Нему Му припаѓа сета слава за вечни времиња. Амин! Постои само една Радосна вест

Прочитајте целосна глава Галатјаните 1