Нов Завет

Галатјаните 1:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Од Павле, повикан да биде апостол не од луѓе, ниту со помош на луѓе, туку од Исус Христос и од Бог Таткото, Кој Го воскресна Исуса од мртвите.

2. Сите христијани што се со мене, се придружуваат кон ова писмо што го упатуваме до црквите во Галатија.

3. Бог, Кој е наш Татко и Господ Исус Христос нека ви бидат благонаклонети и нека ви дадат мир.

4. Христос ја исполни волјата на Бог, нашиот Татко и доброволно се предаде како жртва за нашите гревови, за да не спаси од овој зол свет во кој живееме.

Прочитајте целосна глава Галатјаните 1