Нов Завет

Филипјаните 4:4-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

4. Радувајте му се на вашето заедништво со Господ, постојано радувајте се!

5. Бидете внимателни спрема сите, луѓето по тоа да ве знаат. Господ брзо ќе дојде.

6. Немојте да се јадосувате за ништо, туку во сите ваши молитви барајте го од Бог она што ви е потребно и бидете благодарни за она што го добивате.

7. Ако правите така, тогаш Божјиот мир, кој е далеку над она што човек може да го разбере, ќе ги чува вашите срца и умови, поради вашата припадност на Исус Христос.

8. За крај, мои драги пријатели христијани, стремете се кон она што е вистинито, чесно и праведно; она што е невино, љубезно, на добар глас, вредно и ценето.

Прочитајте целосна глава Филипјаните 4