Нов Завет

Филипјаните 4:18-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

18. Сега, откако Епафродит ми ги предаде даровите што сте ми ги испратиле, имам се што ми треба, дури и повеќе. Тие се како принос за Бог со прекрасна миризба, жртва прифатлива и пријатна за Него.

19. Со сето Негово огромно богатство, преку Исус Христос, мојот Бог изобилно ќе ја задоволи секоја ваша потреба.

20. На нашиот Бог и Татко слава нека Му е довека! Амин.

21. Поздравете ги сите што искрено веруваат во Исус Христос. Тие се свети луѓе. Ве поздравуваат и браќата што се со мене.

22. Ве поздравуваат сите христијани, а посебно оние што работат во дворецот на императорот.

23. Господ Исус Христос нека ви биде благонаклонет и нека биде со вас.

Прочитајте целосна глава Филипјаните 4