Нов Завет

Филипјаните 4:17-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

17. Не барам јас подароци. Само сакам вие да добиете заслужена награда заради вашата грижа.

18. Сега, откако Епафродит ми ги предаде даровите што сте ми ги испратиле, имам се што ми треба, дури и повеќе. Тие се како принос за Бог со прекрасна миризба, жртва прифатлива и пријатна за Него.

19. Со сето Негово огромно богатство, преку Исус Христос, мојот Бог изобилно ќе ја задоволи секоја ваша потреба.

20. На нашиот Бог и Татко слава нека Му е довека! Амин.

21. Поздравете ги сите што искрено веруваат во Исус Христос. Тие се свети луѓе. Ве поздравуваат и браќата што се со мене.

22. Ве поздравуваат сите христијани, а посебно оние што работат во дворецот на императорот.

23. Господ Исус Христос нека ви биде благонаклонет и нека биде со вас.

Прочитајте целосна глава Филипјаните 4