Нов Завет

Филимон 1:3-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

3. Ви посакувам Бог, нашиот Татко, и Господ Исус Христос да ви бидат благонаклонети и да ви дадат мир.

4. Филемоне, секогаш кога ќе те спомнам во моите молитви, Му благодарам на Бог за тебе.

5. Слушам за твојата вера во Господ Исус и љубов спрема сите верни.

6. Се молам да имаш успех во споделувањето на верата со другите, па и тие да сфатат какви се благослови Христос ни даде.

Прочитајте целосна глава Филимон 1