Нов Завет

Евреите 7:6-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

6. Мелхиседек не беше потомок на Левиј, па сепак зеде десеток од Авраам. Потоа Мелхиседек го благослови Авраама, на кого веќе му беше дадено Божјото ветување.

7. А нема никакво сомневање дека оној што благословува е поголем од оној што го прима благословот.

8. Во случајот со свештениците, десетокот им се дава на смртници, а Мелхиседек е поголем од нив бидејќи ни е пренесено дека тој е вечно жив.

9. Иако сега потомците на Левиј се тие што земаат десеток, може да се каже дека и тие му платија десеток на Мелхиседек, преку својот предок Авраам,

10. бидејќи Левиј, иако уште не беше роден, може да се рече дека беше во телото на Авраам при неговата средба со Мелхиседек.

11. Законот што му беше даден на израелскиот народ се потпираше врз Левитското свештенство. Но да можеа потомците на Левиј да ја исполнат Божјата совршена намера, немаше да има потреба Бог да праќа друг Свештеник од редот на Мелхиседек, а не од родот на Арон.

12. А штом се менува свештенството, се појавува потреба да се промени и законот.

13. Ова се однесува на нашиот Господ Исус Христос. Тој произлезе од племе од кое никој никогаш не бил свештеник на жртвеникот.

14. Познато е дека нашиот Господ произлезе од племето на Јуда, а Мојсеј никогаш не го спомнал тоа племе во врска со свештенството.

15. Да го кажеме ова уште појасно: се појави друг Свештеник, Кој е како Мелхиседек.

16. Тој стана Свештеник, не затоа што му беше потомок на Левиј, како што бараше стариот Закон, туку преку силата на животот во Него што не може да се уништи.

17. Светото Писмо за Него вели: „Ти си вечен Свештеник, од редот на Мелхиседек“

Прочитајте целосна глава Евреите 7